Фјури и Вајлдер ја почнаа борбата уште на прес-конференцијата (ВИДЕО)

Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер синоќа се соочија на официјалната прес-конференција пред нинвата борба рано наутро во недела во Лас Вегас. 

Атмосферата беше доста напната, па боксерите почнаа да се туркаат на соочувањето. Имаше размена на зборови, но за среќа интервенираше обезбедувањето и немаше поголем инцидент.  

Фјури продолжи да прави шоу за време на пресот, кога ја изнасмеа целата публика. Англичанецот му рече на Америкнаецот, „Јас сум број 1 тешкаш во светот, ти си на трето место“, рече Фјури.

Вајлдер сакаше да знае кој е второ место, ако тој е трет.

„Мајка ти“, одговори Вјури, па целата сала почна да се смее.

Ова ќе биде второ соочување помеѓу Вајлдер и Фјури по ланската борба во Лос Анџелес, што заврши нерешено. Двајцата боксери се непоразени во кариерата, а ќе боксуваат за светската титула во ВБЦ верзијата, што моментално ја поседува Вајлдер.