Фјури го најави дуелот со Шварц: Ќе направам шоу во Лас Вегас!

Британскиот боксер Тајсон Фјури кажа дека е подготвен за борбата со Германецот Томас Шварц, која е закажана за 15-ти јуни во Лас Вегас.

Тоа ќе биде деби за Фјури, откако потпиша голем договор со американската медиумска куќа „ЕСПН“.

„Се радувам на дуелот, зашто ќе се борам во Лас Вегас. Кога сте дете, сонувате за победи во Америка. Минатиот пат се борев со Вајлдер во Лос Анџелес. Шварц е млад и амбициозен, но јас сум подготвен да приредам шоу“, вели Фјури.

Шварц има само 24 години, а досега во кариерата во 24 меча славеше секојпат, од кои 16 пати со нокаут.

Од друга страна, Британецот ќе се обиде да го задржи непоразениот резултат - засега во 28 меча има 27 победи и едно реми против Деонтеј Вајлдер.