Фјури е речиси 20 килограми потежок од Вајлдер (ВИДЕО)

Тајсон Фјури и Деонтеј Вајлдер утринава во Лас Вегас го имаа официјалното мерење пред борбата за ВБЦ шампионскиот појас во супертешка категорија, што е закажана за во недела рано наутро во 3 часот по средноевропско време. 

Можеби очекувано, Фјури е многу потежок од Америкенецот им има 123 килограми. Вајлдер од друга страна пак има 104 и цели 19 килограми послаб од ривалот. На двајцата боксери не им беше дозволено да се приближат еден од друг и да го имаат традиционалното соочување пред борбата.

Беа одделени со коридор обезбедување, а тоа беше одлука на атлетската комисија на Невада, која не сакаше да ризикува инцидент. Двајцата боксери разменуваа навреди на прес-коференцијата во четвртокот, а има и туркање, па вербалната борба продолжи и утринава на мерењето. 

Првата нивна пресметка на 1 декември 2018 година во Лос Анџелес заврши со реми, па двајцата боксери го задржаа својот рекорд без пораз. Вајлдер неприкосновено ја чува титулата во ВБЦ верзијата веќе подолго време и добива сериозни критики од јавноста, бидејќи неколку пати одби борба со Ентони Џошуа за унификација на сите титули во профи боксот.

Фјури од друга страна, своевремено ги држеше сите титули во тешка категорија, откако го победи Владимир Кличко во 2015 година. Британецот потоа се повлече од боксот и ги загуби појасите. Сега се обидува прво да ја освои ВБЦ титулата, а потоа да тргне и по појасите на Џошуа.

Тајсон Фјури (29 победи, 20 со нокаут, 0 порази, 1 реми) 

Деонтеј Вајлдер (42 победи, 41 со нокаут, 0 порази, 1 реми)