Фјури: Џошуа се однесува како ѕвезда, а не може да ме победи ни со бејзбол палка!

Британскиот боксер Тајсон Фјури призна дека шест пати се обидувал да договори борба со сонародникот Ентони Џошуа.

Фјури во интервју за „Марка“ кажа дека преговарал за борба, но Џошуа избегнувал средба со светскиот шампион во тешка категорија.

„Не успеавме, иако се обидовме најмалку шест пати. Тој се однесува како ѕвезда, која не сака да се бори. А не може ни да ме победи со бејзбол палка“, кажа Фјури.

Фјури во моментов е во пензија, а кажа дека ќе се врати во рингот само ако некој му понуди 500 милиони фунти.