Фјури целосно одлепи: Победата ќе ја прославам со кокаин и проститутки! (ВИДЕО)

Британскиот боксер Тајсон Фјури интензивно се подготвува за реваншот со Деонтај Вајлдер, меч кој ќе се одржи во сабота за ВБЦ појасот во тешка категорија.

„Кралот на циганите“ е уверен во триумф на овој натпревар што ќе се одржи во Лас Вегас, па веќе решил како ќе ја прослави победата. 

Дали има нешто подобро од кокаинот и проституки? Одам за поевтини од 30 американски долари. Секогаш прво пуштете си инекција со пеницилин, истакна секогаш контрверзниот Фјури.

Фјури има 30 борби во својата кариера, еден натпревар заврши нерешено, оној против Вајлдер во 2018 година, додека другите 29 борби ги победи.