Девојка во Авганистан се бори за женските права преку – бокс!

Шукуфа Хајдери тренира бокс веќе десет години и доаѓа од Авганистан, а еден од од својата борба го посвети и на битката за женските права.

Во разговори за медиумите таа вели дека другите жени од Авганистан мора да излезат од дома и мора да се борат за нивните права.

„Во Авганистан кога мажите ќе видат дека жена е успешна во нешто, тие имаат мислење за тоа. Некои се позитивни, некои негативни. Некои велат дека таа може да успее, а други тврдат дека нема шанси. Но тие не треба да мислат повеќе на тој начин. Жените се способни и може да прават било што“, вели Хајдери.