Боксерски шампион остана без лиценца поради „совети“ за семејно насилство! 

Светскиот боксерски шампион Били Џо Сандерс доби забрана за натпреварување откако објави видео во кое ги советуваше мажите, при евентуална досада, да ги тепаат своите сопруги.

На видеото можеше да се забележи како Сандерс ги советува припадниците на посилниот пол да вршат семејно насилство доколку им е досадно за време на карантонот, но ова наиде на ригорозна казна од страна на Британската боксерска федерација, која му ја одзема лиценцата и покрај тоа што подоцна се извини велејќи дека се шегувал.

Исто така и неговиот промотор Еди Херн е „згрозен“ од идиотското видео на Сандерс.

Ние ја прекинавме лиценцата на неговиот боксер, открија од Британската боксерска федерација.

Инаку, Сандерс беше близу до финализирање на договор за дуел против мексиканскиот Саул Алварез во Лас Вегас на 2-ри мај пред појавата на пандемијата на коронавирус.

Ова не е прв пат Сандерс да се соочи со ригорозна казна, иако ова можеби е најголема, а во септември 2018 година беше казнет со парична казна од 100.000 фунти од страна на Британската боксерска федерација.