Шоу за сите сетила: „Кралот на Ромите“ во две рунди го претепа Шварц, па - запеа (ВИДЕО)

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, уште една покажа дека е еден од најспектакуларните боксер на денешницата кој знае да направи шоу во и надвор од рингот, откако го нокаутираше Германецот Том Шварц уште во втората рунда од мечот одржан во Лас Вегас.

Популарниот „Крал на Ромите“ со силен десен аперкат го испрати противникот на подот, што беше знак судијата да го прекине овој дуел и да ја крене раката на некогашниот апсолутен првак. Фјури во рингот влезе облечен во американското знаме и со песна на Џејмс Браун во стилот на Аполо Крид од серијалот филмови Роки, а по победата тој запеа песна од Аеросмит.

 

 

За Шварц ова беше прв пораз под низата од 24 победи по ред, додека за Фјури ова беше 28. победа во кариерата во која има само уште едно реми.