Вархолм се спореди со Болт: Ова е неверојатен успех!

Неверојатниот Норвежанец Карстен Вархолм славеше на финалната трка на 400 метри со пречки со време 45,94 и тој стана прв човек во историјата кој стигнал на целта за помалку од 46 секунди.

Сопствениот рекорд го поправи за 0,86 секунди, а по трката кажа дека е пресреќен што стигнал до таков успех.

„Ова е неверојатен момент. Ова е многу брзо. Најлудо е тоа што тренерот ми кажа дека можам да стигнам за 45 секуни. И тоа беше совршена трка. Не можете ни да замислите колку ми значи ова“, вели атлетичарот.

Вархолм својот успех го спореди со еден од најголемите атлетичари, а тоа е Јусеин Болт.

„Мислам дека ова е во рангот на времето на Болт од 9,58 секунди на 100 метри или рекордот на Флоренс Грифит Џојнер на 100 и 200 метри“, кажа Вархолм.