Томпсон освои злато и на 200 метри!

По одбранетиот медал на 100 метри, Илејн Томпсон го одбрани златото и на 200 метри откако во финалето беше најбрза со време 21,53 секунди.

Томпсон има 29 години и доаѓа од Јамајка, а беше и фаворит пред трката, па таа улога рутински ја оправда пред конкуренцијата.

Сребрениот медал ѝ припадна на 18-годишната Кристин Мбомба со време од 21,81 секунди, додека третото место го освои Габриел Томас од САД со време од 21,87 секунди.