Тажна вест од Русија: 25-годишна атлетичарка пронајдена мртва!

Тажна вест доаѓа од Русија, откако 25-годишната атлетичарка Маргарита Плавунова била пронајдена мртва на улица во рускиот град Тамбов.

Младата Русинка најверојатно се онесвестила при тренинг, а рускиот регионален атлетски сојуз објави дека причина за смртта е срцев удар.

Русинката била повеќекратна регионална шампионка во дисциплина на 60 метри со пречки, а се натпреварувала и на 100 и 400 метри.

На 100 метри најдобар резултат ѝ бил 14,06, а покрај спортска кариера, таа била и фото-модел.