Таа е Африканка, скока за Шведска, а нејзиниот сексапил - неодолив за сите! (ФОТО+ВИДЕО)

Кади Сагниа е новата ѕвезда на светската атлетика. Можеби не се истакнува толку по резултатите, како по својот физички изглед и по присутноста на социјалните мрежи.

Кадијату Викторија Сагниа има 23 години и неверојатно тело. Таа е Африканка по потекло, нејзината мајка е од Гамбија, но таа е родена во Шведска и настапува со шведски пасош.

Нејзини дисциплини се скок во далечина и трискок и веќе одбележа неколку големи натпреварувања правејќи го сино-жолтиот дрес крајно секси.

 

Во февруари, на митинг во Глазгов скокна 6.92 во скок во далечина, со што го изедначи државниот рекорд на Шведска, но на СП во сала, подоцна, во Бирмингам, заврши шеста, со 6.64.

Сепак, на социјалните мрежи е вистинска шампионка. Има десетици илјади следбеници и постојано го покажува своето неодоливо тело.