Минатиот викенд со натпреварувања во три различни земји беше отворена новата сезона на Ред Бул 400, најтешката и најжестоката светска трка на 400 метри, во кое натпреварувачите трчаат на скијачка скокалница.

Патеката е долга 400 метри, има нагорнина од 37 степени, како и 140 метри разлика во надморска височина на стартот и целта, а трката е исто така наречена „најтешките 400 метри во вашиот живот“.

Дисциплината е создадена во 2011. година, а на секое натпреварување се одржуваат трки на жени, мажи, како и штафета.

Во саботата на 12. мај, со трките во Финска, Јапонија и САД беше отворена новата сезона, која од мај до октомври ќе има 17 трки.

Бранител на титулата во машка конкуренција е Ахмет Арслат од Турција, кој победи на 14 од 16 трки во кои учествуваше. Овој 31-годишен натпреварувач беше првиот Ред Бул 400 светски шампион и победник на првото натпреварување во оваа дисциплина.

„Доброто загревање е важно. Мора да го користите цело тело. Кога ќе стигнете до целта, не ги чувствувате мускулите. Можете да трчате само 100-150 метри, а потоа станува напорно. Сите мускули се згрчени, а вашиот здив е краток“, вели Арслан.

Минатиот викенд на трката Ред Бул 400 во Сапор, Јапонија најбрзи беа Ријото Такасака кај мажите и Такако Такамура кај жените. Во Лахти, Финска триумфираа Мико Патана во машка конкуренција и Лаура Манинен во женска, додека во САД најбрзи беа Торчи и Ана Мој.

Наредната трка е на 20. мај во Казахстан, на скијачката скокалница во Алмати.