Олимписки првак е позитивен на коронавирус, а се спремал да го урне – светскито рекорд

Олимпискиот и светски првак во атлетската дисциплина 3.000 метри стиплчес, Корнелиус Кипруто од Кенија е позитивен на коронавирус и нема да трча на отворањето на Дијамантската лига во Монако во петок.

Кипруто (25) паднал на тестото на ковид-19 непосредно пред стартот на сезоната во која цели да го урне светскиот рекорд на Саиф Саед Шахеен од Катар од 7:53,63 минути. Најдоброто време на Кениецот е 8:00,12.

„Нашиот свет минува низ сериозен предизвик и сите мора да бидеме одговорни. За жал, мојот тест на ковид-19, кој беше дел од протоколот во Монако е позитивен и јас нема да бидам дел од Дијамантската лига на 14 август. Немам симптоми, во многу добра форма сум, планирав да го урнам светскиот рекорд, ама..“, објави Кипруто.

После дијамантската лига во Монако, следат митинзите во Стокхолм, Лозана, Брисел, Рим, Наполи, Доха, а засега неизвесна е локацијата во Кина, првото жариште на коронавирусот. Поради пандемијата откажани се митинзите во Лондон, Париз, Рабат, Гејтшед и Шангај.