Олимписки медалоносец штрајкува со глад

Сребрениот олимпиец во десетобој од Летните Олимписки игри во Пекинг во 2008 година, Белорусинот Андреј Краучанка (35) започнал штрајк со глад во знак на протест и поддршка за затворањето на неговите сонародници од страна на претседателот Александар Лукашенко, после големите протести во земјата во ноември лани.

Белорусите со месеци протестираа за исборни нерегуларности и кражба на гласови откако Лукашенко повторно се зацементира на претседателската функција и тој владее со оваа држава практично од нејзиното осамостојување по распадот на Советскиот сојуз.

Краучанка во декември лани бил уапсен и затворен, а потоа исфрлен од репрезентацијата поради учеството на антивладините протести, а бил потписник на отвореното писмо со кое се барале нови избори. Но, за разлика од него, кој брзо бил пуштен, низа други луѓе останаа во затворите во Белорусија поради учеството на тие протести, на кои имаше и насилство.

Сега со одлуката да штрајкува со глад е протест кон власта, а поддршка за затворените другари. Плус, својот златен медал од Европското првенство во 2011 година го ставил на аукција за да собере пари за семејствата на затворените другари.

„Репресијата не запира, па имав некоја внатрешна потреба да помогнам. Медалот кој го дадов на аукција е поврзан со големи болки, имав проблеми со ахиловата тетива. Луѓето во затворот патат, исто како што патев и јас кога го освојував медалот“, вели Краучанка.

Тој веќе трет ден штајкува со глас и веќе ослабел шест килограми.