Не е од оваа планета: Болт победи и во трка без гравитација (ВИДЕО)

Најбрзиот човек на светот Усеин Болт неодамна испиша историја откако по атлетската пензија дебитираше во фудбалот, па на пријателски меч за авсралиски Централ Коуст Маринерс одигра 20-на минути.

Сега, Болт реши да си најде поинаков начин на забава, па реши да трча без гравитација. И нормално, за да покаже дека „не е од оваа планета“ победи и на таа трка, на која физичките предизпозиции, кога нема гравитација не се најпресудни, ама Јамајканецот знаеше како да го искористи моментот за да победи во спринтот.