Најбрзиот човек на светот дефинитивно ќе стане фудбалски професионалец

Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт, кој се пензионираше од атлетиката не отстапува од својата идеја да биде фудбалски професионалец, па се поизвесно е дека негвиот сон ќе му се оствари.

Како што најавија австралиските медиуми, Болт и Централ Коуст Маринерс веќе се договориле за соработка, а Јамајканецот ќе добие шестмесечен договор со опција за продолжување на истиот за уште една година.

Болт веќе имаше тренинзи со Борусија Дортмунд преку својот спонзор „Пума“, а потоа се најавуваше дека можеби ќе заигра фудбал во Јужна Африка, ама по се изгледа Австралија ќе биде неговата почетна станица за фудбалската кариера.

Како што се потенцира, Централ Коуст Маринерс и нејзиниот претседател Грег О'Рурк планираат Болт да го искористат во голема маркетинг кампања од која ќе имаат уште поголем бенефит, во однос на фудбалскиот.