Мо Фара е спортист на годината во Велика Британија!

Светскиот шампион на 10.000 метри, Мо Фара, е спортист на годината на Велика Британија според традиционалниот избор на Би-Би-Си.

Реномираната медиумска мрежи организира јавно гласање, во кое атлетичарот победи како големо изненадување, со 83.524 гласа, три илјади повеќе од светскиот шампион во „супербајк“, Џонатан Реа. Фаворит беше светскиот боксерски владетел, Ентони Џошуа, кој заврши четврти на ова гласање, а шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон е шести веднаш пред Крис Фрум и Хари Кејн.

Фара го заслужи ова признание со титулата на СП во Лондон, веќе трета во серија на 10.000 метри на Мундијалите, а со неа и стави крај на својата кариера во 34. година од животот.

„Неверојатно е и тешко ми е да замислам дека е вистина. Никогаш не замислував дека ќе го освојам ова, но сè може да се случи. Само ако работите напорно може да ги остварите вашите сништа. Жал ми е што не можев да дојдам, моите деца не се добро“, порача Фара преку видео-порака, не можејќи да се појави на свечената церемонија во Ливерпул.

Тој е првиот тркач на долги патеки, кој ја доби оваа награда, по Пола Ретклиф во 2002 година. Би-Би-Си веќе објавуви дека Роџер Федерер е најдобар спортист од странство за 2017 година.