Маратонец колабира среде трка, а гледачите наместо да му помогнат – се истепаа за да го сликаат! (ВИДЕО)

Стравични сцени можеа да се видат на маратонска трка во Австралија, кога еден од водечките атлетичари, Калум Хокинс, колабира поради преголема жештина и со глава удри во заштитната ограда.

За работите да бидат подраматични се погрижија гледачите кои беа во близина, кои наместо да му помогнат се „истепаа“ да го фотографираат со своите телефони. Инцидентот се случи по само два километри, што доволно говори колкава била температурата на асфалтот со оглед што Хокинс беше еден од фаворитите за триумф на трката.

На лекарската екипа ѝ биле потребни повеќе од десет минути да дојдат и да му помогнат на несреќниот атлетичар, кој за среќа брзо се опоравил од проблемите без последици за здравјето.