Легендарниот Бубка воодушевен од новото шведско чудо: Дали си ти воопшто човек?

Светската атлетика во Берлин на Европското првенство доби нов херој, тинејџерот Арманд Дуплантис, 18-годишен Швеѓанец кој во дисциплината скок со стап прескокна 6,05 метри и го освои златото поставувајќи патем светски јуниорски рекорд.

Шведскиот тинејџер стана самио петтиот човек кој успеал да прескокне 6,05 метри, а јуниорскиот рекорд го поправил за неверојатни 30 сантиметри. И сето тоа го остави без зборови легендарниот Сергеј Бубка, кој само кратко го прокоментира неверојатното издание на Швеѓанецот.

„Арманд Дуплантис, дали ти си човек или...?“, рекол Бубка.