„Како да трчам за Македонија, кога ми ја затворија вратата пред нос?“

Македонскиот атлетичар, Дарио Ивановски (21), наиде на затворени врати утрово, кога тргна на својот редовен тренинг на арената „Филип Втори“.

Причината е фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Глазгов Ренџерс, кој ќе се одигра попладнево од 17.55 часот. Поради овој меч стадионот, очигледно, е целосно приватизиран за денеска, па Ивановски не смее да го користи ниту тартанот, околу теренот.

Оправдано револтиран, тој го истури својот гнев на Фејсбук, жалејќи се дека нема улсови ни приближно да се носи со конкуренцијата од другите земји, кога вака го третираат.

„Како до олимписка норма? Како до медал на Балканот? Како да ја одберам кралската дисциплина 1.500 метри? Како да трчам за репрезентацијата? Како да се борам со атлетичарите од другите джави, кои имаат сѐ, кога пред нос ми ја затворија вратата на стадионот? Сѐ е побитно освен резултатот“, напиша Ивановски.

Тој е тркач на средни патеки, кој минатиот месец на Медитеранските игри во Тарагона постави нов државен рекорд на 1.500 метри (1:47.13). За да биде уште потажно, тој е еден од стипендистите за ОИ 2020 во Токио и повторно е вака третиран.