Ивановски постави нов рекорд и освои сребро на Балканското првенство (ФОТО)

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постигна голем успех на трката на 3.000 метри на Балканското првенство во сала во Истанбул, Турција, откако освои сребрен медал.

Ивановски беше одличен во Турција, па патеката ја премина за време од 8:03.65, а тоа е нов државен рекорд.

„Голема благодарност до целиот тим, кој стои зад мене. Ветувам дека ќе одиме уште посилно на следните предизвици“, напиша Ивановски на социјалните мрежи.