Голема штета: Ивановски нема да настапи на ЕП - позитивен е на Ковид-19

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски нема да настапи на претстојното Европско првенство во сала што ќе се одржи во Торун, Полска поради Ковид-19. 

Ова е голема штета за нашиот најдобар атлетичар, кој беше во фантастична форма откако го освои златниот медал на Балканското првенство во сала во Истанбул во дисциплината на 3.000 метри.

„И официјално на престојно ЕП во сала кое ќе се одржи оваа недела во Торун, Полска, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски нема да настапи. Да му посакаме многу здравје, брзи и лесно подносливи денови во ова светско КОВИД лудило кое удри и кај нашиот неприкосновен шампион“, објави  неговиот тренер Игор Јакимовски на социјалните мрежи.