Голем успех: Чептегеи е светски рекордер на 5.000 метри!

Атлетичарот од Уганда, Џошуа Чептегеи успеа да урне 16 години стар рекорд во Монако, и тоа со две секунди подобро вре.

Овој 23-годишен атлетичар успеа да победи на 10.000 метри во Доха минатата година, па вети дека ќе се обиде уште еднаш.

Чептегеи успеа да го постави новиот рекорд со време од 12.35.36, додека претходниот кој го постави Бекеле од Етиопија беше со време од 12.37.35.

Освен него, уште неколку атлетичари се покажаа во вистинско светло, а една од нив беше Лора од Велика Британија, која на 1.000 метри постави рекорд со време 2.30.82.