Гидеј го урна светскиот рекорд во полумаратон за повеќе од една минута

Летесенбет Гидеј од Етиопија денеска постави нов светски рекорд на полумаратон во Валенсија. 

Познатата атлетичарка истрча со време од 1:02:52 часа со што го урна претходното најдобро време на Рут Чепнгетич за повеќе од една минута.  За бронзената олимпијка од преходните Игри во Токио на 10.000 метри тоа е вкупно трет светски рекорд во три различни дисциплини.

Таа ги има најдобрите времиња и во дисциплиние на 5.000 и 10.000 метри.