Еден од најдобрите атлетичари на сите времиња доаѓа на гости во Македонија!

Претседателот на Светската атлетска федерација (ИААФ) и еден од најдобрите светски атлетичари на сите времиња, Британецот Себастијан Коу (62 години), задутре ќе пристигне во дводневна посета на Македонија, со цел да присуствува на прославата на 70-годишнината од формирањето на Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Станува збор за двоен олимписки шампион во трката на 1.500 метри и тоа на Игрите во 1980 година во Москва и 1984 година во Лос Анџелес, а кој ја предводеи светската атлетика од 2015 година. Коу истовремено е и британски парламентарец, а ја има и титулата лорд.

Првиот човек на ИААФ за време на престојот во Скопје ќе има средба и со првиот човек на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски, како и со директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски.