„Девојки како нас“ (ВИДЕО)

Инспирирајте се од приказните на овие осум македонски спортистки и од моќта на спортот да трансформира животи. Ова видео е снимено по иницијатива на спортската граѓанска организација ТАКТ која се залага за родова еднаквост во македонскиот спортот. Во видеото се прикажани осум успешни примери на македонски спортистки, секоја како хероина во својата спортска дисциплина и секоја со инспиративна и мотивирачка порака за тоа како спортот благородно влијаел во нејзиниот живот.