Богатство ги чека идните светски атлетски шампиони на СП во Катар

Осум дека остануваат до стартот на атлетското Светско првенство, кое ќе се одржи во Доха (Катар), кое стартува на 27 септември и ќе трае до 6 октомври, а кремот во „кралицата на спортовите“ ќе се натпреварува на новоизградениот стадион „Калифа“.

Но, ова првенство, освен што ќе мибе без најголемата атлетска ѕвезда Јусеин Болт, актуелниот светски рекордер на најбрзите спринтерски делници (замина во пензија) по многу нешта ќе биде специфично, а пред сè поради неверојатните финансиски награди за освојувачите на медали.

Како што е најавено, секој победник во дисциплина освен златен медал ќе добие и парична награда од 60.000 долари, второпласираниот ќе добие 30.000 долари, а бронзениот – 20.000 долари. Но, нема парични награди да добијат само носителите на награди, туку сите финалисти. Така четвртото место е 15.000 долари, петтото десет илјади, шестото шест илјади, седмото пет, а осмото – 4.000 „зелени банкноти“.

Исто така парични награди ќе добиваат и тимовите, за злато – 80.000 долари, за сребро 40.000, за бронза – 20.000, а понатаму за четврто место 16.000, за петто 12.000, за шесто 8.000, седмо 6.000, а осмото место 4.000 „зелени банкноти“.

Сите финансиски награди ги обезбедила Националната банка на Катар.