Апелацискиот суд во Ј. Африка пресуди – за Писториус 13,5 години затвор

Врховниот апелациски суд на Јужна Африка му ја зголеми затворската казна на поранешниот олимпиец Оскар Писториус на 13 ипол години поради убиството на својата девојка Риве Стнкамп.

Писториус беше првично осуден на шест години, но обвинителството веднаш најави жалба на таа пресуда потенцирајќи дека истата е „шокантно преблага“, па Врховниот суд сега за речиси двојно ја зголеми таа казна за атлетичарот.

Тој на 14 февруари 2013 година во својата куќа ја уби Станкамп со огнено оружје преку затоворената врата во купатилото. Се бранеше дека мислел дека во неговата куќа влегол крадец.

Првично тој беше осуден за убиство од небрежност, но сега апелацискиот суд ја преиначи одлуката и тој е осуден за убиство.