Американката Му беше побрза од конкуренцијата и освои злато на 800 метри!

Американската атлетичарка Атинг Му го освои златниот медал на трката на 800 метри на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, откако стигна на целта со времето 1:55,22.

Му беше одлична од самиот старт на трката и имаше предност од првиот свиок, а на крајот успешно ги издржа нападите од противничките и го освои златниот медал.

Кели Хочкингсон го освои сребрениот медал на трката на 800 метри, додека третата позиција ја освои Рејвен Роџерс.